четврток, 11 декември 2025

Путин и Макрон повторно разговараа за украинската криза и гаранциите на Москва

Објавено на

часот

Сподели

„Продолжи размената на мислења за ситуацијата околу Украина и прашањата поврзани со обезбедувањето долгорочни и законски засновани безбедносни гаранции за Русија“, се вели во соопштението на руското претседателство.

Според Кремљ, Путин уште еднаш „детално ги претставил принципиелните пристапи кон овие проблеми“.

Според Кремљ, двајцата лидери, кои веќе разговараа во петокот, се договориле да ги продолжат контактите по телефон, но и да ја проучат можноста за лична средба.

Француското претседателство соопшти дека овој разговор бил воден во смисла на деескалација и дека следел по разговорите на Макрон со рускиот и украинскиот колега во петокот, 28 јануари.

Според Елисејската палата, двајцата претседатели го поздравиле позитивниот развој во форматот Нормандија, во кој Русија, Германија и Франција преговараат за решавање на конфликтот во источна Украина.

Од крајот на 2021 година Москва е обвинета дека насобрала до 100.000 војници на украинската граница и дека има намера да ја нападне таа земја. Затоа САД и Велика Британија се заканија со нови санкции против Москва.

Русија негира дека планира напад врз Украина, но бара писмени гаранции за својата безбедност, вклучително и одбивање на пристапот на Украина во НАТО и ставање крај на военото зајакнување на Алијансата во Источна Европа.

Сепак, САД во писмен одговор до Москва го одбија тоа клучно барање, а Кремљ изјави дека размислува за својата реакција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ