петок, 12 декември 2025

Путин и Бајден утре ќе разговараат по телефон

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Џо Бајден ќе му телефонира на рускиот претседател Владимир Путин в сабота навечер по московско време, соопшти денеска Кремљ. Повикот дојде по писмено барање на Белата куќа, а двајцата лидери треба да разговараат за актуелните тензии околу Украина.

„Американската страна побара разговор со претседателот Путин, а тој ќе се одржи утре вечер по московско време“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Бајден во петокот попладне ја напушти Белата куќа и замина во претседателското одморалиште во Кемп Дејвид, Мериленд. Тој треба да остане таму во текот на викендот.

Непосредно пред неговото заминување, советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливан, јавно ги повика сите американски цивили да ја напуштат Украина, велејќи дека во случај на руска инвазија што може да се случи „во секој момент“, тие нема да можат да го сторат тоа или да дозволат уште една евакуација на американската војска како таа во Авганистан.

Саливан рече дека информациите што кружат за претстоен руски напад врз Украина не се точни бидејќи Белата куќа верува дека во Москва сè уште не е донесена одлука за напад.

САД од крајот на октомври тврдат дека Русија се подготвува да ја нападне Украина, а Москва ги опишува наводите како „лажни вести“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ