вторник, 31 март 2026

Путин: Гранатирањето ќе заврши дури кога Мариупол ќе се предаде

Објавено на

часот

Сподели

Но француските власти соопштија дека рускиот лидер се согласил да ги разгледа плановите за евакуација на цивили од градот.

Официјални лица од француската Елисејска палата ја нарекоа ситуацијата во градот „катастрофална“ и додадоа дека „цивилното население мора да биде заштитено и мора да го напушти градот доколку сака. Тие мора да имаат пристап до помош во храна, вода и лекови што им се потребни“.

Франција, заедно со Турција, Грција и неколку хуманитарни групи, му претставија на Путин план за евакуација на градот.

Официјалните лица рекоа дека Путин му рекол на Емануел Макрон дека „ќе размисли“ за предлогот.

Новите сателитски фотографии го покажаа уништувањето предизвикано од гранатирањето.

Сликите, објавени од компанијата Максар, покажаа дека станбените области се претворени во урнатини. На нив се гледаат и руските артилериски топови на позициите за гаѓање на периферијата на градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ