Како што се наведува во соопштението на Кремљ, Путин зборувал за „недостигот на волја на НАТО соодветно да одговори на легитимната загриженост на Русија“ во поглед на нејзината безбедност.
Рускиот претседател ги обвинил украинските власти за „хронично саботирање“ на мировниот договор од Минск потпишан во 2015 меѓу Киев и проруските сепаратисти на истокот на Украина.
Тие договори овозможија значително намалување на насилството, но не ставија крај на војната почната во 2014 меѓу проруските бунтовници за кои се верува дека имаат поддршка од Москва и силите под контрола на Киев.
Русија негира дека планира да ја нападне Украина, но бара гаранции од Западот за својата безбедност, вклучувајќи гаранции дека Украина никогаш нема да биде членка на НАТО и дека воениот пакт ќе ги повлече своите сили од подрачјата во близина на Русија.






