недела, 29 март 2026

Путин ги стави руските сили за „нуклеарно одвраќање“ во највисока готовност (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Владимир Путин ги стави силите за нуклеарно одвраќање на земјата во „специјална“ готовност, објавувајќи го потегот за време на состанокот со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

„Западните земји не само што преземаат непријателски акции против нашата земја во економската област. Зборувам за нелегитимните санкции за кои на сите им е добро познато. Но првите луѓе на водечките земји на НАТО даваат и агресивни изјави и против нашата земја“, изјави Путин.

Руските сили за одвраќање вклучуваат различни стратегиски оружја, нуклеарни и конвенционални, кои може да се користат и за одбрана и за напад. Според руската воена дефиниција, силите се дизајнирани „да ја одвратат агресијата против Русија и нејзините сојузници, како и да го поразат агресорот, вклучително и во војна со употреба на нуклеарно оружје“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ