недела, 15 март 2026

Путин ги призна Доњецк и Луганск како независни држави (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Путин во ТВ-обраќањето пред признавањето истакна дека Украина во последните месеци е преплавена со оружје од Западот и дека инструкторите на НАТО често се присутни на воените вежби во таа земја.

Тој рече дека украинскиот устав не дозволува воени бази на странски држави на територијата на таа земја.

Рече дека членството на Киев во НАТО ќе биде директна закана за безбедноста на Русија.

САД и НАТО ја претворија Украина во воена зона, рече рускиот претседател.

Рускиот претседател рече дека им било ветено дека НАТО нема да се шири, а се случило спротивното.

Тој рече дека во 2000 година го прашал тогашниот американски претседател Бил Клинтон за можното зачленување на Русија во Алијансата, но дека Клинтон бил „многу воздржан“.

Тој оцени дека на САД не им е потребна земја во НАТО голема како Русија. „Зошто да направите непријатели од нас“, праша тој.

Рече дека имаат информации дека проширувањето на Алијансата е само прашање на време, тврдејќи дека однапред било решено членството на Украина.

Ризикот од брз напад врз Русија драстично би се зголемил доколку НАТО се прошири, рече Путин. Тој тврди дека Украина во тој случај би била главната платформа за напад.

Рече дека Москва секогаш поддржува дипломатски решенија. Тој додаде дека НАТО целосно ја игнорирал загриженоста на Русија.

Тој смета дека причината за воведување санкции кон Москва ќе биде пронајдена или измислена и дека тоа нема никаква врска со Украина.

Русија, рече тој, има право да преземе одмазднички мерки. Русија има право да ја зачува својата безбедност и ќе го стори тоа, рече тој.

На крајот од својот говор, кој траеше повеќе од 40 минути, Путин рече дека Русија ги признава проруските сепаратистички региони како независни држави, додавајќи дека тоа требало да се направи многу порано.

[video:https://youtu.be/XTHUok0iQ-M?t=3252 autoplay:0]

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ