четврток, 1 јануари 2026

Путин ги повика Азов и маринците: Положете го оружјето, ви ги гарантирам животите

Објавено на

часот

Сподели

Огромната фабрика за челик Азовстал е последната локација контролирана од украинските сили во Мариупол. Киев треба да „преземе одговорност“ за војниците во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, му рекол Путин на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се вели во соопштението на Кремљ.

Путин ги повика украинските војници во Азовстал да го положат оружјето.

„На воените затвореници им се гарантираат живот, медицинска нега и третман во согласност со меѓународните правни стандарди“, се вели во соопштението на Кремљ.

Украина во понеделникот соопшти дека Обединетите нации треба да бидат „иницијатор и гарант“ за секој договор за евакуација што ќе треба да се спроведе во присуство на Црвениот крст.

Зградите на комплексот Азовстал се во голема мера уништени, но украинските борци се кријат во голема мрежа на подземни тунели, од каде што продолжуваат да им пружаат отпор на Русите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека таму се кријат околу илјада цивили и стотици ранети, во катастрофални услови, без вода и храна.

Украина соопшти дека ќе ги прекине преговорите со Русија доколку бидат убиени и последните борци на Азовстал. Со Ердоган за евакуацијата во неделата разговараше и Зеленски.

„Претседателот Ердоган ја изрази својата подготвеност да обезбеди секаква помош што може во преговарачкиот процес и сета е потребна поддршка, вклучително и посредување“, соопшти официјална Анкара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ