Тој синоќа наведе дека во доктринарните документи на Украина стои дека Русија е нејзин противник и дека е можно да го врати Крим по воен пат.
Русија и понатаму се обидуваат да ја смират со аргументите дека НАТО е чисто одбранбен сојуз, но граѓаните на многу земји на сопствената кожа се уверени колку тоа не е точно, кажа Путин.
Тоа се Ирак, Либија, Авганистан, а и големата воена операција против Белград без одобрение на Советот за безбедност на ОН, што беше далеку од тоа што може да го спроведе мирољубива организација, потсети рускиот лидер.
Тој кажа дека Русија и во воената стратегија на НАТО е означена како противник.
„Меѓу другото, не можеме да го занемариме тоа дека во воената стратегија на НАТО од 2019 година Русија е директно наречена главна безбедносна закана и противник. НАТО нè означи како противник. При што ја доближи својата воена инфраструктура до нашите граници“, истакна Путин.
Според него, НАТО и неговите државни членки сметаат дека е правилно Русија да ја подучуваат за тоа каде и како треба да ги распоредува оружените сили и сметаат дека е можно да бараат да не се изведуваат планирани маневри и вежби, а преместувањето на руските трупи на сопствена територија се претставува како закана од руска инвазија, во овој случај на Украина.
„Наводно, опасност чувствуваат и балтичките земји и други држави – нашите соседи. Врз основа на што, не е баш јасно. Во секој случај, тоа се користи како теза со цел изградба на непријателска политика кон Русија“, заклучи Путин.
Тој истакна дека главните грижи на Русија кои се наведени во предлозите за безбедносни гаранции се игнорираат.
„За време на разговорите продолживме да разменуваме мислења за руските предлози испратени до САД и НАТО за обезбедување долгорочни правни гаранции на безбедноста“, кажа Путин.
Според него, „централни грижи се, за жал, игнорирани во одговорите добиени на 26 јануари од САД и НАТО“.
[video:https://youtu.be/YPQ3-WMCtZw autoplay:0]Зборувајќи за ситуацијата на истокот на Украина, Путин истакна дека Киев почнал со демонтажа на Минските договори.
„Според мене, на сите им е очигледно дека сегашните власти во Киев ги демонтираат Минските договори. Нема напредок во фундаменталните прашања како уставната реформа, амнестијата, локалните избори, правните аспекти на посебниот статус на Донбас. Сè уште не е внесена во украинското законодавство добро познатата, барем за експертите, формула на Штајнмаер“, оцени рускиот претседател.
Според него, Киев продолжува да ги игнорира „сите можности за мирна обнова на територијалниот интегритет на земјата преку директен дијалог со Доњецк и Луганск“.
Тој е убеден дека при решавањето на ситуацијата во Украина нема алтернатива за Минските договори.
„Што се однесува до Минските договори, дали се живи дали имаат некаква перспектива или не, сметам дека едноставно нема друга алтернатива“, истакна Путин.
Рускиот претседател укажа на двосмислениот став на киевските власти кои „понекогаш велат дека ќе ги почитуваат (договорите), понекогаш дека тие ќе ја уништат нивната земја“.
„Актуелниот претседател (на Украина Володимир Зеленски) неодамна изјави дека не му се допаѓа ниедна точка од Минските договори. Па му се допаѓале или не, тоа е што е. Мора да се реализираат, поинаку не може“, додаде рускиот претседател.
Тој наведе дека со францускиот колега договорил да се слушнат по денешната посета на Макрон на Киев.
Наведе дека неколку идеи на Макрон целосно можат да бидат основа за понатамошни заеднички чекори во Украина.






