„Можам да кажам дека претседателот Путин ѝ испрати телеграм-честитка. Секако, ние му се придружуваме на нашиот претседател во честитките“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Директорката на Одделот за информации и печат на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денес го слави својот 50 роденден.
Таа е родена на 24 декември 1975 година во Москва, потсетува РИА.
Песков за работата на Захарова на нејзината позиција рече дека е „одлична“.
„Брилијантна“, им рече Песков на новинарите кога го прашаа како Кремљ ќе ги оцени достигнувањата на Захарова.






