среда, 24 декември 2025

Путин ѝ го честиташе роденденот на Захарова, Песков ја нарече нејзината работа „брилијантна“

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ го честиташе роденденот на портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, а Кремљ исто така се придружи на честитките, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Можам да кажам дека претседателот Путин ѝ испрати телеграм-честитка. Секако, ние му се придружуваме на нашиот претседател во честитките“, рече Песков, пренесува РИА Новости.

Директорката на Одделот за информации и печат на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денес го слави својот 50 роденден.

Таа е родена на 24 декември 1975 година во Москва, потсетува РИА.

Песков за работата на Захарова на нејзината позиција рече дека е „одлична“.

„Брилијантна“, им рече Песков на новинарите кога го прашаа како Кремљ ќе ги оцени достигнувањата на Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ