среда, 7 јануари 2026

Пукање во близина на претседателската палата во Каракас: Зголемени тензии по воената операција на САД (ВИДЕО)

Во текот на ноќта се слушнале истрели во близина на претседателската палата Мирафлорес во Каракас – град кој е во состојба на зголемена тензија, додека безбедносните служби се во засилена подготвеност по американскиот напад и заробувањето на претседателот Николас Мадуро, пренесува Си-ен-ен.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Видео снимките потврдени од Си-ен-ен, како што се наведува во текстот, покажуваат противвоздушен оган над Каракас, во услови на извештаи за конфузија меѓу безбедносните сили во главниот град.

Венецуелското министерство подоцна соопшти дека полицијата пукала кон беспилотни летала кои „летале без дозвола“ и дека „немало конфликт“, објави Си-ен-ен.

Еве што дознаа новинарите на Си-ен-ен досега:

Извештаи за пукање: Еден жител, кој за Си-ен-ен зборувал под услов да остане анонимен, изјавил дека слушнал истрели во близина на Авенијата Урданета, недалеку од претседателската палата Мирафлорес.

Видео снимка: Видео потврдено од Си-ен-ен прикажува противвоздушен оган над Каракас. Во друго, посебно потврдено видео, може да се слушне и пукање.

Што велат властите: Министерството за комуникации и информации на Венецуела соопшти дека полицијата пукала кон беспилотни летала кои „летале без дозвола“. Министерството додаде дека „не дошло до судир“.

„Недоразбирање“: Разговори меѓу паравоени групи поврзани со Мадуро, до кои дојде Си-ен-ен, укажуваат дека пукањето било последица на забуна меѓу различни безбедносни групи кои дејствувале во близина на палатата Мирафлорес. На една снимка, може да се слушне како член на една од групите повикува на засилување и вели дека „биле испукани неколку истрели“. Подоцна, истиот говорник вели дека членовите на полицијата на Мирафлорес и обезбедувањето на палатата пукале кон дрон што летал во областа.

Каква е ситуацијата сега? Министерството за комуникации и информации соопшти дека „целата земја е целосно мирна“, но не прецизираше кој управувал со беспилотните летала. Паравоените групи, исто така, соопштија дека ситуацијата е под контрола.

Што велат САД? Претставник на Белата куќа изјави за Си-ен-ен дека внимателно ги следат извештаите за престрелки во Венецуела, но нагласи дека „Соединетите Американски Држави не се вмешани“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ