недела, 14 декември 2025

Пукање на Тајмс Сквер, повредени три лица (ВИДЕО)

Три лица се повредени во пукање на Тајмс Сквер во Њујорк, јавува Асошиејтед Прес, повикувајќи се на полицијата на тој американски град. Едно лице е приведено и испрашувано во врска со инцидентот, јавува американската агенција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пукањето се случило околу 1:20 часот наутро во една од најпопуларните туристички дестинации во Њујорк. Нема дополнителни детали за тоа што точно се случило, а полицијата во Њујорк сè уште не одговорила на барањето од Ројтерс.

Њујорк Тајмс пишува дека жртвите се 19-годишник и 65-годишник кои биле застрелани во нозете и 18-годишна девојка која бил погодена во вратот. Портпаролката на полицијата објави дека нивните животи не се во опасност.

Пукањето се случува за време на изборната кампања за градоначалник на Њујорк во која борбата против криминалот е едно од клучните прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ