недела, 14 декември 2025
Напаѓачот убиен

Пукање на универзитет во центарот на Прага, 10 убиени, 24 ранети (ВИДЕО)

Пукање на универзитетот во центарот на Прага, има мртви и ранети, соопшти чешката полиција. Тие подоцна објавија дека напаѓачот е убиен.

Објавено на

часот

Сподели

Напаѓачот убил 10 луѓе, а полицијата го убила него.

Чешката телевизија јавува дека во масакрот биле убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот. Најмалку 24 се повредени.

Пукањето се случило на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, како што потврди и портпаролката на тој факултет, но не даде подетални информации. На снимката од местото на настанот се гледаат луѓе како со кренати раце истрчуваат од зградата на Филозофскиот факултет, опкружени со полицајци.

Според чешката агенција Акту, напаѓачот користел долго оружје со оптика.

Полицијата е на терен. Целиот плоштад Јан Палах и неговата околина се целосно блокирани, соопшти полицијата. На терен се и многубројни спасувачки екипи.

„Апелираме до граѓаните да не се задржуваат во непосредна близина и да не ги напуштаат своите домови. Интервенцијата на полицијата продолжува“, апелираше полицијата.

Луѓето на социјалните мрежи пишуваат дека „имало многу пукање“.

Вработените со мејл биле предупредени да се забарикадираат

Според еден од предавачите на Филозофскиот факултет, студентите и вработените попладнево добиле електронска пошта да се забарикадираат.

Сличен мејл добиле и вработените во Уметничко-индустриското училиште, кое исто така се наоѓа на плоштадот Јан Палах.

„Останете каде што сте, не одете никаде. Доколку сте во канцелариите, заклучете ги и поставете парче мебел пред вратата. Исклучете ги светлата, напаѓачот најверојатно е на четвртиот кат од зградата на плоштадот Јан Палах“, стои во мејлот што е испратен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ