недела, 15 март 2026

Псаки: Низ цела источна Украина има руски „зелени човечиња“

Објавено на

часот

Сподели

„Во 2014 година и во годините потоа ги нарекувавме ‘зелените човечиња’, бидејќи не беа во руска воена униформа. Сега знаеме дека се низ цела источна Украина. И иако не носат униформа, се однесуваат онака како што би се однесувала руската војска.

Но важно е американскиот народ да го знае тоа – дека без разлика дали се во униформа или не, тие се таму од 2014 година. Тие ја претставуваат руската влада. Тие се сепаратисти што – веројатно треба да престанеме да ги нарекуваме ‘мировници’, бидејќи тие сигурно не се тоа – кои, знаете, помагаат да се постави основата за војната. И тоа е целта на многумина од нив“, рече Псаки.

Зборувајќи со новинарите во вторникот, Псаки беше прашана колку од овие војници, според неа, се на украинска територија, но таа рече дека не може да даде детален број, затоа што тоа се разузнавачки информации.

Псаки рече дека иако руско воено присуство во Украина има уште од 2014 година, „на некој начин“ Москва „дури неодамна го призна“ присуството на своите војници на украинска територија.

Псаки го поздрави потегот на Германија да го запре процесот на сертификација на гасоводот Северен тек 2 – заеднички проект на Русија и ЕУ, кој, исто како и нејзиниот оперативен близнак Северен тек, би испорачувал руски природен гас во Германија и понатаму до некои други европски нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ