Помал авион со американски команден персонал слета во воената база Решов-Јасионка, каде што сѐ уште се во тек подготовките, соопштија извори од полската армија.
Оваа база се наоѓа недалеку од полската граница со Украина.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=Oxb-OdsyGao autoplay:0]На телевизиските снимки беше прикажано како се подготвува привремено сместување во блиската населба Јасионка, каде што работниците креваат ограда околу комплексот.
Портпаролот на полската војска изјави дека во Полска пристигнале првите елементи на бригадната борбена група од 82-та воздушнодесантна дивизија.
Американскиот претседател Џозеф Бајден нареди испраќање на речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија за да се заштити источна Европа од потенцијалното прелевање на украинската криза.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=A7NROlyWS_4 autoplay:0]





