Излегувањето на дваесетина цивили од подземјето на овој огромен индустриски комплекс изненади многумина бидејќи сите претходни обиди за евакуација пропаднаа во тој пристанишен град на југоисток, речиси целосно уништен по неколкунеделна опсада.
Азовскиот полк, кој ја брани оваа индустриска зона, зборуваше за „дваесет цивили, жени и деца“.
„Тие се префрлени на договорената локација и се надеваме дека ќе бидат евакуирани во Запорожје, на територијата под контрола на Украина. Се надеваме дека овој процес ќе продолжи и дека ќе можеме да ги евакуираме сите цивили“, рече Свјатослав Паламар, заменик командант на полкот во видеото објавено на Телеграм.
Неколку часа претходно, руската официјална новинска агенција Тасс објави дека група од 25 цивили, меѓу кои шест деца, успеале да излезат од Азовстал, од подземните галерии кои датираат од советско време.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го коментираше ова во своето видео обраќање во саботата вечер.
„Правиме сè што можеме за да обезбедиме мисијата за евакуација од Мариупол да се спроведе“.
Според новите сателитски снимки на компанијата Максар технолоџис, направени на 29 април, речиси сите згради во челичаната Азовстал се уништени.






