„Сакав да дојдам на Денот на мајката. Мислев дека е важно да му покажам на украинскиот народ дека оваа војна мора да престане и дека оваа војна е брутална и дека народот на Соединетите Држави е со народот на Украина“, им рече Бајден на новинарите.
Американски официјален претставник рече дека тоа е прво јавно појавување на Зеленска откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.
Зеленска ѝ се заблагодари на Џил Бајден „за овој многу храбар чин“.
„Затоа што разбираме што е потребно за првата дама на САД да дојде овде за време на војна кога секој ден се случуваат воени дејствија, каде што секој ден се слушаат воздушни сирени, дури и денес“, ѝ рече таа на Бајден.






