Случајот на средовечна пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата личност која е лекувана со нов метод кој вклучува матични клетки од крв од папочна врвца.
Откако доби крв од папочна врвца за третман на акутна миелоидна леукемија, форма на рак кој се формира во клетките кои формираат крв во коскената срцевина, пациентката е во ремисија и е излечена од вирусот 14 месеци.
Досега, двата случаи на лекување од СИДА се однесуваа на мажи, еден белец и еден латиноамериканец, а тие се излечени преку возрасни матични клетки, кои вообичаено се користат при трансплантација на коскена срцевина.
Овој случај е дел од поголема студија која се бави со лекување на 25 лица заразени со вирусот ХИВ, а кои ќе подлежат на трансплантација на коскена срцевина. Сите тие прво ќе подлежат на хемотерапија за да се отстранат канцерогените клетки. Потоа ќе им се трансплантира коскена срцевина од лица со специфична генетска мутација, а кои немаат рецептори кои вирусот ги користи за да инфицира клетки.
Научниците веруваат дека овие лица потоа ќе развијат имунолошки систем кој е отпорен на ХИВ.






