недела, 12 април 2026
Се одбележуваат 10 месеци од уривањето на настрешницата

Протести во Нови Сад, студентите во факултет влегоа преку прозорец (ВИДЕО)

Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од уривањето на настрешницата на Железничката станица, кога загинаа 16 лица.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Граѓаните ќе се соберат и ќе одржат 16 минути молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата, јавува Н1.

По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги повикаа граѓаните да се соберат на кампусот на Универзитетот во Нови Сад.

Во Белград, студентите и учениците во блокада најавија комеморативна прошетка вечерва во 18:30 часот. Родителите, учениците и наставниците протестираа пред Петтата белградска гимназија.

Деканот на ДИФ (Факултет за спорт и физичко образование во Нови Сад) Патрик Дрид влезе во зградата на факултетот преку прозорец со помош на, според очевидци, тројца насилници и со помош на двајца полицајци.

Неколку студенти исто така влегле преку прозорецот на факултетот, додека пред влезот, граѓаните се судриле со полицијата која ги туркала со штитовите.

Полека ситуацијата почнала да се смирува, додека студентите и граѓаните сè уште се собираа. Пред зградата на факултетот пристигна засилување од страна на полицијата. Покрај Интервентната полиција, таму има и единица на Жандармеријата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ