петок, 12 декември 2025

Протести во центарот на Белград, граѓани бараат трајна забрана за експлоатација на литиум и бор (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Протестот помина мирно и без видливо присуство на полиција, а граѓаните се собраа на повик на здружението Крени-Промени и Сојузот на еколошки организации на Србија (СЕОС).

Истовремено пред зградата на Претседателството беа поставени шатори во кои, според најавата на организаторите, еколошки активисти ќе „кампуваат“ до исполнувањето на барањата.

[video:https://youtu.be/41J4fe52JSg autoplay:0]

Активистот на здружението Не го даваме Јадар, Златко Кокановиќ изјави за телевизијата Н1 дека и по владината одлука за укинување на планот за проектот со посебна намена Јадар, компанијата Рио Тинто продолжува да откупува земја во тој дел од Србија.

„Случувањата на теренот се исти како пред укинувањето на одредбата. Компанијата Рио Тинто по 20 јануари купила уште едно домаќинство, девет парцели, дел од шума и земјоделско земјиште. Сето тоа ни кажува дека не е ставена точка на проектот Рио Тинто“, кажа Кокановиќ.

[video:https://youtu.be/HKMRmwaHVJ8 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ