четврток, 11 декември 2025

Протекоа тајни документи за тоа што САД и НАТО ѝ нудат на Русија

Објавено на

часот

Сподели

Меѓутоа, во документите до кои дошол шпанскиот весник се наведува намерата на САД и НАТО во следниот период да разговараат со Русија за одделни барања, како и можноста за соработка во одделни области.

Пишаните одговори на декемвриските предлози на Москва во голема мера го одразуваат она што западните функционери јавно го кажаа за време на тензичните преговори.

НАТО ја обвини Русија за „значително, од ништо предизвикано, неоправдано и постојано“ воено јакнење околу Украина и Белорусија. Блокот ја повтори својата поддршка на „правото на другите држави да бираат или да менуваат безбедносни ангажмани“, отфрлајќи го барањето на Русија Украина да не може да стане дел од Алијансата.

Воениот блок предводен од САД негира дека претставува закана за Русија и тврди дека „пружил пријателска рака“, будејќи и на Москва дијалог по завршувањето на Студената војна на почетокот на деведесеттите години од минатиот век.

Според сега објавените документи, НАТО нуди општа транспарентност и мерки за изградба на доверба, како размена на извештаи за меѓусебните воени вежби, консултации, воспоставување телефонска линија за цивили и повторно воспоставување на соодветните мисии во Москва и Брисел.

Вашингтон вели дека спремен да разговара за „реципрочните обврски и Соединетите Американски Држави и Руската Федерација да се воздржат од распоредување копнени ракетни системи и постојани сили со борбена мисија на територијата на Украина“.

Што се однесува до американските и НАТО силите во Источна Европа, нивното моментално распоредување било „ограничено, пропорционално и целосно во согласност со обврските според Основачкиот акт НАТО-Русија“, се наведува во документот, додавајќи дека сојузниците „ќе го зајакната одбранбениот став“ ако Русија ја нападне Украина.

Америка, како што се истакнува, е спремна да ги продолжи разговорите за контрола на стратегиското вооружување со Москва, вклучувајќи ги ограничувањата во разместувањето на балистички проектили и нуклеарни бомбардери.

Русија негираше дека има планови за напад на Украина и повеќе пати истакнува дека воената инфраструктура на Западот долж нејзините граници ја гледа како закана. Москва во декември предложи САД и НАТО да потпишат правно обврзувачки договори за тоа прашање.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера за првпат зборуваше на оваа тема и истакна дека пишаните одговори испратени на Москва покажале дека Вашингтон не ги почитува „фундаменталните“ безбедносни грижи на Русија. Слични забелешки во врска со западниот став изнесе и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ