сабота, 6 декември 2025

Протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски: Америка може да нè предаде

Европските шефови на држави и влади длабоко не им веруваат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за мировни преговори со Русија и Украина. Според белешките од конференциски повик до кои дојде Шпигел, германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон употребиле остри зборови во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неколку други европски лидери, предупредувајќи дека САД би можеле да ги предадат и Украина и Европа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според белешките од разговорот воден на англиски јазик, Макрон предупредил на можноста за американско предавство. „Постои можност САД да ја предадат Украина на територијата без јасност во врска со безбедносните гаранции“, рече францускиот претседател, додавајќи дека постои „голема опасност“ за Зеленски. Прашањето за руските барања за територијални отстапки е една од најчувствителните точки во преговорите.

Германскиот канцелар Мерц му порача на Зеленски дека мора да биде „многу внимателен“ во наредните денови. „Тие си играат и со вас и со нас“, рече Мерц, веројатно алудирајќи на двајца американски преговарачи – магнатот за недвижности Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Овие и други изјави забележани во документот сведочат за длабоката недоверба што Европејците ја имаат кон двајцата довереници на Трамп. Иако европските лидери постојано јавно ја фалат новата мировна иницијатива на Вашингтон, документот открива дека, освен Мерц и Макрон, и другите учесници во повикот не им веруваат на американските пратеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ