петок, 12 декември 2025

Проруските бунтовници тврдат дека Украина испратила баталјон С-300 во Донбас за да се подготви за офанзива

Објавено на

часот

Сподели

„Според нашите информации, Оружените сили на Украина спроведуваат активности кои ги сметаме за подготовки за офанзивни операции“, напиша Басурин на каналот на милицијата на ДНР на Телеграм.

„Баталјон ракетни системи земја-воздух С-300 од 160 ракетна бригада на противвоздушната одбрана е префрлен од Одеската област на аеродромот Краматорск со цел заштита на командниот центар за операции на Обединетите сили“, ја пренесе ТАСС изјавата на Басурин.

Покрај тоа Украина, според Басурин, почнала да префрла во Донбас трупи од 92 посебна механизирана бригада од Харковската област со објаснување дека одржува воени вежби.

„Забележано е и пристигнување на оперативна група на бригадата во зоната на одговорност на 30 посебна механизирана бригада кај Дебаљцево“, кажа функционерот на ДНР.

Во близина на Доњецк, тактичката група Восток одржала вежби во кои учествувале новоформираните оклопни единици на 53 и 54 посебна механизирана бригада, наведе Басурин. Тој истакна дека разузнавачката служба на ДНР го потврдила присуството на британски и полски платеници во регионите Широкино и Попасна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ