„Четири непријателски проектили погодија една од воените инфраструктури во регионот Лавов, објектот е целосно уништен. Според првичните информации нема жртви, никој не побарал лекарска помош”, рече Козицки.
Ројтерс не беше во можност самостојно да ги потврди извештаите и немаше итен одговор од Москва.
Регионалната воздушна команда „Запад“ на украинските воздухопловни сили објави на социјалните мрежи дека неколку проектили биле истрелани од Црното Море кон регионот Лавов. Два од проектилите биле уништени пред да погодат цели, се вели во соопштението.






