недела, 1 февруари 2026

Продолжуваат преговорите за нуклеарниот договор со Иран

Објавено на

часот

Сподели

Западните дипломати предупредија дека Иран прави големи исчекори кон способноста за производство на нуклеарна бомба, па затоа е неопходно што е можно поскоро да се постигне ефективен договор кој повторно би ги ограничил иранските нуклеарни способности.

Германија, Франција и Обединетото Кралство со Русија и Кина веќе со месеци посредуваат меѓу меѓу Иран и САД. Целта е да се укинат американските економски санкции кон Техеран, а за возврат да се ограничи иранската нуклеарна програма.

Откако САД се повлекоа од договорот во 2018 година под тогашниот американски претседател Доналд Трамп, Иран почна постепено да ги крши условите од договорот и да збогатува ураниум.

Иран во понеделникот предупреди дека Вашингтон треба да донесе „политичка одлука“ за укинување на санкциите кон Исламската Република и дека успехот на нуклеарните преговори ќе зависи од тоа.

Но, по осум рунди индиректни разговори меѓу Техеран и Вашингтон од април, остануваат несогласувањата околу брзината и опсегот на укинувањето на санкциите кон Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ