Според податоците на интернет страницата за следење летови Флатавер, вкупниот број откажани летови во или надвор од САД изнесувал околу 1.450 вчера попладне. Одложени се уште 1.774 лета поврзани со САД, покажуваат податоците.
Аеродромите Лагвардија и Џон Ф. Кенеди во Њујорк и меѓународниот аеродром Логан во Бостон се меѓу најпогодените од доцнења и откажувања на летови.
Само во Масачусетс околу 31.000 од 2,6 милиони потрошувачи биле без струја денс, според сајтот Пауераутиџ.
[video:https://youtu.be/9hNGcmcGSJU autoplay:0]Комуналното претпријатие Еверсорс енерџи соопшти дека повеќето нивни потрошувачи кои се без струја ќе бидат приклучени до крајот на денешниот ден.
Невремето предизвика и три смртни случаи во Њујорк, на Лонг Ајленд. Една постара жена во саботата беше најдена на паркингот на хотелот Јуниондејл во Њујорк со отворен прозорец на автомобилот, а властите јавија за смрт на двајца мажи, на возраст од 53 и 75 години, кои во саботата починале додека чистеле снег.
[video:https://youtu.be/YdleEdelWbc autoplay:0]





