Завчера, полицијата ивршила претрес на 18 адреси во Брисел и Лувен како дел од истрагата за заканите упатени кон бриселскиот обвинител, кога беа приведени осум лица.
„Во моментов нема доволно сериозни индикации за да им се одреди притвор“, соопшти федералното обвинителство, кое ја води истрагата, објаснувајќи ја одлуката за нивно ослободување.
Ова лето, полицијата доби информации за можна подготовка на напад врз обвинител. Нивото на закана за Моинил веднаш било подигнато на 4, највисоко ниво, и биле преземени конкретни мерки за негова заштита.
Според достапните информации, заканите делумно потекнуваат од албанската криминална група која го донесе Моинил на суд пред неколку години. Во тоа време, тој сè уште работел во канцеларијата на федералниот обвинител, во одделот за организиран криминал.
Членовите на тој албански клан биле осудени во меѓувреме за шверц на кокаин скриен во модифицирани прегради на автомобили. Дрогата се доставувала од Латинска Америка со едрилици. Водачите на групата биле осудени на неколку години затвор, а лицата што беа приведени наводно се поврзани со тој клан.






