сабота, 28 февруари 2026

Пристигна реакција на Кина на нападот врз Иран

Кина повика на итен прекин на воените операции на САД и Израел во Иран и побара почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Иран. Пекинг изрази „голема загриженост“ поради нападите што следеа по експлозиите што го потресоа Техеран, пренесува агенцијата Анадолу.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Кинеското Министерство за надворешни работи во соопштение ја нагласи потребата од почитување на безбедноста на Иран. „Кина повикува на итен прекин на воените дејствија за да се избегне понатамошно ескалирање на тензиите. Потребно е да се продолжи со дијалогот и преговорите и да се вложат напори за одржување на мирот и стабилноста на Блискиот Исток“, се вели во соопштението објавено на социјалната мрежа Икс.

Кина веќе со години балансира помеѓу стратешкото партнерство со Иран и сложените, често напнати односи со Соединетите Американски Држави. Пекинг и Техеран во 2021 година потпишаа сеопфатен 25-годишен договор за соработка кој опфаќа координација во енергетика, инфраструктура и безбедноста, Кина денес е еден од најголемите купувачи на иранска нафта, и покрај американските санкции.

Во исто време, кинеско-американските односи се оптоварени со трговски спорови, технолошки ограничувања и конкуренција за влијание во Индо-Пацификот и Блискиот Исток. Во тој контекст, Пекинг се позиционира како застапник на мултилатерализмот и принципот на територијален интегритет на државите, додека се стреми да ја зачува стабилноста на регионот, што е клучно за него поради неговите енергетски интереси и иницијативата „Еден појас, еден пат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ