Тој смета дека со тоа треба да се позанимава НАТО.
Мехај на Фејсбук побара зголемено внимание на НАТО преку Командата на здружените сили во Наполи и во регионот преку операцијата Кфор, за, како што наведе, да се спречи влијанието на руско-српските дестабилизирачки кругови кои се поддржани и од кинеските кругови во регионот.
Косовскиот министер тврди дека хибридните активности на Русија во регионот се одвиваат преку Србија.
„Министерството за одбрана со максимално внимание ги следи неодамнешните настани и актуелните акции на Русија против Украина, земјите од источното крило на НАТО, како и хибридните активности кои Русија ги спроведува во регионот на Западниот Балкан“, наведе Мехај.






