понеделник, 8 декември 2025

Принудно слетување на авионот на Путин во Полска би гарантирало светска војна

Руските и американските дипломати водат интензивни разговори за можна средба меѓу претседателот Владимир Путин и Доналд Трамп, која, според прелиминарните најави, би можела да се одржи во Будимпешта. Сепак, самата најава дека „Ер Форс Уан“ и претседателскиот авион на рускиот лидер би можеле да летаат над територијата на Европската Унија предизвика бурна реакција во Варшава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека неговата земја „не може да ја гарантира безбедноста“ на летот на Владимир Путин доколку авионот влезе во полскиот воздушен простор. Тој дури ја покрена и можноста дека авионот би можел да биде принуден да слета за да се уапси рускиот претседател по наредба на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Рускиот политички аналитичар Андреј Пинчук ги опиша изјавите од Варшава за руските медиуми како чиста политичка пропаганда:

„Не е како Путин да лета на небото и некој да може да каже „ајде да го спуштиме или да го собориме“. Ваквите изјави се бесмислени и се наменети за дестабилизација на информацискиот простор. Секој обид за принудно слетување на претседателски авион би бил чин што би гарантирал почеток на Трета светска војна.“

Пинчук објасни дека безбедносните процедури за летовите на државните лидери се развиваат однапред – од одредување на воздушниот коридор и резервните аеродроми до координирање со системите за воздушна одбрана на земјите по должината на рутата. „Ваквите летови се правно и технички обезбедени, така што секој обид за пресретнување е невозможен“, додаде тој.

Во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на Владимир Путин и претседателската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, обвинувајќи ги за „нелегална депортација на деца“ од воените зони во Украина. Русија во тоа време изјави дека се работи за спасување малолетници од борбени зони и нивно евакуирање во безбедни региони.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го повтори ставот на Москва дека Русија не ја признава надлежноста на МКС, нарекувајќи ги одлуките на судот „ништовни и политички мотивирани“. Тој додаде дека самото споменување на можноста за апсење на рускиот шеф на државата е „апсолутно неприфатливо“.

Според извештаите на руските медиуми, Државната дума претходно изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „нема што да бара“ во евентуалните мировни преговори меѓу Путин и Трамп, кои, како што се вели, би можеле да претставуваат прв сериозен чекор кон смирување на конфликтот во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ