понеделник, 15 декември 2025

Претставена првата турска хиперсонична ракета, има дострел од 800 километри (ВИДЕО)

Турција официјално влезе во хиперсоничната трка со воведувањето на „тајфун блок-4“, хиперсонична балистичка ракета со висока способност за маневрирање и отпорност на современи воздушни закани. Станува збор за првата турска ракета од ваков вид, која достигнува брзина од 5 маха, има дострел од 800 километри и користи сателитско водење за висока прецизност.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Ова ново оружје е надградена верзија на балистичката ракета „тајфун“ со краток дострел, првпат тестирана во 2022 година.

Првата верзија на ракетата „тајфун“ е долга околу 6,5 метри, малку повеќе од 60 сантиметри широка и тежи околу 2300 килограми. Новата варијанта „тајфун блок-4“ е долга околу 10 метри, близу еден метар во дијаметар и тежи околу 7.200 килограми.

Носи повеќенаменска боева глава способна да неутрализира системи за воздушна одбрана, командни центри и клучна инфраструктура на растојание до 800 километри. Турција планира да развие варијанти на ракетата со дострел од повеќе од 1.000 километри, според турските медиуми.

Компанијата Рокетсан, која ја разви ракетата, објави: „Тајфун блок-4 постигнува долг дострел и со тоа поставува нов рекорд за турската одбранбена индустрија. Со тежина од повеќе од 7 тони, овој нов модел на „тајфун“, со повеќенаменска боева глава, е способен да уништи бројни стратешки цели – како што се системи за воздушна одбрана, командни и контролни центри, воени хангари и клучни воени објекти – на голема оддалеченост.“

Ракетата беше претставена минатата недела на отворањето на 17 Меѓународен саем за одбранбена индустрија (ИДЕФ) во Истанбул. На саемот учествуваа повеќе од 900 турски и 400 странски одбранбени компании, заедно со официјални делегации од повеќе од 100 земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ