Преговорите што започнаа вчера во Исламабад завршија рано утрово без конкретно решение и одговор на прашањето што ќе се случи по првично договореното 14-дневно примирје.
“Пред преговарањата нагласив дека имаме неопходна добра волја и намера, но поради искуствата од двата претходни војни, немаме доверба во спротивставената страна”, напиша Галибаф на социјалната мрежа Икс.
Тој изјави дека неговите колеги од иранската делегација, во која беше и министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, „почнаа иницијативи насочени кон иднината, но спротивната страна на крајот не успеа да ја добие довербата на иранската делегација во оваа рунда преговори“.
„Америка ја разбра нашата логика и принципи и сега е време да одлучи дали може да ја заслужи нашата доверба или не“, напиша Галибаф.
Тој додаде дека Техеран „нема да ги запре своите напори за консолидирање на достигнувањата постигнати во четириесетте дена од националната одбрана на Иран“.
Галибаф му се заблагодари на Пакистан, кој беше домаќин на разговорите, за „олеснувањето на процесот на овие преговори“.
„Иран е тело од 90 милиони души, од целиот херојски народ на Иран кој, следејќи го советот на Врховниот лидер и излегувајќи на улиците, ги поддржа своите деца и нè испрати по нашиот пат со своите благослови – за тоа сум благодарен, а на моите колеги во овие интензивни 21-часовни преговори им велам: добро направено, Бог да ве зајакне“, завршува објавата.






