сабота, 21 февруари 2026

Претседателот на Иран: Нема да попуштиме, нема да се предадеме (ВИДЕО)

Иранскиот претседател Масуд Пазешкијан денес изјави дека неговата земја нема да попушти пред притисокот од светските сили во услови на преговори со Соединетите Американски Држави за нуклеарната програма на Иран.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Светските сили нè принудуваат да попуштиме… но ние нема да попуштиме, и покрај сите проблеми што ни ги создаваат“, рече Пезешкијан во говорот што беше пренесуван во живо на иранската државна телевизија.

Пезешкијан рече дека иранската влада постигнала договор дека, дури и ако сите светски сили се спротивстават на Иран за да ја принудат земјата да се предаде, Техеран нема да го стори тоа.

Тој нагласи дека Иран нема да се предаде под притисок на светските сили, и покрај сите тешкотии, пренесе телевизискиот канал Иран интернешнл.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, одби да го отвори пликот со американски предлози во врска со ракетната програма, доставени од посредници од Оман, и го вратил на испраќачот, изјави извор запознаен со разговорите.

Според двајца израелски функционери, Израел верува дека разликите меѓу Техеран и Вашингтон се „непремостливи“ и дека шансите за брза воена ескалација се големи.

Израелската влада, како што се наведува, се подготвува за можна заедничка воена акција со Соединетите Американски Држави, но конечна одлука сè уште не е донесена.

Две рунди преговори меѓу Иран и САД запреа поради спорови околу збогатувањето на ураниум, ракетната програма и олеснувањето на санкциите.

По разговорите во Женева во вторникот, Аракчи изјави дека страните се согласиле за „водечките принципи“, додека Белата куќа соопшти дека меѓу страните сѐ уште постои дистанца.

Американски функционер изјави дека се очекува Иран да поднесе писмен предлог во наредните денови, додека Аракчи во петокот изјави дека нацртот на контра-предлогот би можел да биде готов во рок од неколку дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ