вторник, 16 декември 2025

Пресврт во ЕУ, поради Трамп се одложуваат 19-тите пакет санкции против Русија

Следните пакет санкции против Русија, 19-ти откако Москва ја започна војната против Украина, повеќе не се очекува в среда, рекле за Политико дипломат од ЕУ и владин претставник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пакетот беше отстранет од дневниот ред на Корепер II, телото кое вклучува претставници од сите земји-членки, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп и самата ЕУ го зголемуваат притисокот врз Словачка и Унгарија да ја намалат својата зависност од руската нафта.

Според Политико одложувањето е поврзано со префрлањето на фокусот на ЕУ од воведувањето нови мерки против Русија кон притисокот врз Словачка и Унгарија да „ја намалат зависноста од руската нафта“.

На 15 септември, Трамп изјави дека е подготвен да воведе санкции против Русија, но под услов Европа да го стори тоа прва, бидејќи, според него, е неприфатливо Вашингтон во целост да дејствува против Москва, додека европските земји продолжуваат да купуваат руска нафта.

Друг услов е воведувањето на увозни давачки од 50-100% за Кина. Според Трамп, ваквите мерки ќе помогнат да се стави крај на украинската криза, по што царините можат да бидат укинати.

Информацијата беше проследена до главните градови во понеделник попладне, без детали за тоа кога ќе бидат воведени санкциите. Портпаролот на Европската комисија одби да коментира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ