вторник, 24 март 2026

Црногорскиот премиер му одговори на Вучиќ: Од 2028 ќе ве чекаме во ЕУ и навиваме да побрзате

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан истовремено да се приклучи на Европската унија (ЕУ), велејќи дека Црна Гора, сепак, ќе „чека“ таму од 2028 година, објави Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму од 2028 година и навиваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“, објави Спајиќ на социјалната мрежа Икс.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека најдобрата опција за ЕУ ​​би била истовремено да ги прими сите земји од Западен Балкан како полноправни членки.

„Ако прифатите една, две или три од нас, тогаш што ќе правиме со другите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, рече Вучиќ на панелот „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ на форумот Белтолкс во Белград.

Тој додаде дека ќе ја презентира оваа идеја на состанок со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Според него, заедничкиот прием би придонел за стабилноста на регионот и Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ