понеделник, 8 декември 2025

Премиерот на Белгија: Рускиот пораз е бајка. Ми се заканија лично со „вечни“ последици

Белгискиот премиер Барт де Вевер предизвика бура од реакции со контроверзната изјава дека Русија нема да ја изгуби војната во Украина, нарекувајќи го таквиот исход „бајка и целосна илузија“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за „Ла Либре“, Де Вевер тврдел дека замрзнатиот руски имот на крајот ќе мора да се врати во Москва, а секој обид за негова конфискација отворено го нарече кражба, пренесува РБЦ-Украина.

Де Вевер нагласи дека Белгија е под „неверојатен притисок“ околу прашањето за конфискација на замрзнатите руски средства, но инсистираше дека таков потег би бил без преседан.

„Кражба на замрзнат имот на друга земја, нејзините суверени средства, никогаш порано не е направена. Тоа се пари на Централната банка на Русија. Дури и за време на Втората светска војна, германските пари не беа конфискувани, туку замрзнати“, рече тој.

Белгискиот премиер не само што не верува во поразот на Русија, туку го смета и за непожелен поради опасноста од дестабилизација на нуклеарната сила.

„Но кој навистина верува дека Русија ќе загуби во Украина? Русија нема да загуби. Тоа е бајка, целосна илузија. Дури и не е пожелно да загубат, за да се спречи нестабилноста да се прошири во земја која поседува нуклеарно оружје“, рече Де Вевер.

Според него, Кремљ упатил директни закани до Брисел, ветувајќи „вечна одмазда“ доколку Белгија ѝ дозволи на Европската Унија да заплени руски средства.

„Кој верува дека (рускиот претседател Владимир) Путин мирно ќе прифати конфискација на руски имот? Москва јасно стави до знаење дека ако се случи конфискација, Белгија и јас лично ќе ги чувствуваме последиците засекогаш. Тоа се чини прилично долго“, рече тој.

Ова не е прв пат Белгија да се спротивстави на користењето на руски средства за помош на Украина. Де Вевер неодамна тврдеше дека таков потег би можел да доведе до сериозни економски и геополитички последици. Поради овој став, други европски земји ја обвинија Белгија дека поставува преголеми барања за заштита на средствата во случај на тужби од Кремљ.

Бриселскиот портал Политико сугерира дека отпоротот на Белгија можеби има повеќе практични причини отколку страв од руска одмазда. Имено, официјални лица на ЕУ се сомневаат дека Белгија ги задржува приходите остварени од замрзнатиот руски имот, наместо да ги пренесе на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ