понеделник, 8 декември 2025

Премиерката на Естонија: Балтичките земји се во преговори за зголемување на бројот на НАТО трупите

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува британската агенција, портпаролот на НАТО не бил веднаш достапен да ги коментира шансите за ново распоредување трупи, што Москва би можела да го сфати како провокација за време на преговорите со Западот за смирување на тензиите.

„Нормално, разговараме со нашите сојузници за да го зголемиме нивното присуство тука за да дејствуваат како средство за одвраќање“, кажа Калас за Ројтерс од Талин.

Таа порача дека доколку се погледне мапата, балтичките држави се полуостров на НАТО и дека поради тоа имаат причини за својата загриженост.

Неименуван дипломат на НАТО изјави за Ројтерс дека министрите за одбрана на воениот пакт би можеле да разговараат за прашањето за поголемо распоредување на трупи на Балтикот кога ќе бидат одржани закажаните состаноци кон средината на февруари.

Западот би можел да има конструктивни разговори со Москва, наведе естонската премиерка, но би требало да му се даде до знаење на Кремљ дека, доколку ескалира ситуацијата во Украина, ќе плати висока цена во смисла на економски санкции.

„Мислам дека не треба да паднеме во замка и да разговараме за тоа што Западот би можел да направи, бидејќи Западот не направил ништо лошо“, кажа таа, додавајќи дека западните земји не формирале воени групи за напад на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ