недела, 29 март 2026

Преговорите завршиле, не се знае дали има договор

Објавено на

часот

Сподели

„Преговорите меѓу Украина и Русија се завршени“, напиша Герашченко на својот профил на Телеграм, пренесе украински Интерфакс.

Засега не е соопштено дали е постигнат договор.

Како што беше најавено пред почетокот на разговорите од кабинетот на претседателот на Украина, делегацијата од Киев планираше да побара „итен“ прекин на огнот и повлекување на руските војници.

„Клучното прашање е итен прекин на огнот и повлекување на војниците од украинска територија“, се вели во соопштението.

Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи ги пречека делегациите на двете земји, уверувајќи ги дека треба да се чувствуваат „целосно безбедно“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ