понеделник, 30 март 2026

Предупредување на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради заканите од Иран

Соединетите Американски Држави синоќа ги предупредија своите граѓани веднаш да го напуштат Ирак поради зголемениот безбедносен ризик, вклучувајќи можни напади од Иран и проирански милитантни групи врз цели поврзани со САД, меѓу кои се и американските универзитети во Багдад.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението од американската база во Ирак, проиранските групи веќе извршиле многубројни напади врз американски граѓани и цели поврзани со САД низ Ирак, вклучувајќи го и регионот Ирачки Курдистан, како и врз ирачките институции и цивилни објекти.

Американската мисија во Ирак, се вели во соопштението, останува отворена и работи под режим на ограничено присуство за да им помогне на американските граѓани, но на граѓаните им се советува да не доаѓаат во амбасадата во Багдад или во генералниот конзулат во Ербил поради постојаната закана од ракети, беспилотни летала и проектили во ирачкиот воздушен простор.

Степенот на предупредување за Ирак останува на највисоко, четврто ниво – „не патувајте“, а на американските граѓани им се наложува да не патуваат во Ирак од која било причина и веднаш да ја напуштат земјата доколку се наоѓаат таму.

Американските граѓани кои одлучат да останат во Ирак им е соопштено дека тоа го прават со висок безбедносен ризик. Властите на САД наведуваат дека внимателно ја следат состојбата и дека ќе продолжат да ги информираат граѓаните за можностите за напуштање на земјата.

Се нагласува дека Иран и проиранските милитантни групи претставуваат растечка закана за јавната безбедност во Ирак и дека би можеле да продолжат со нападите врз цели поврзани со САД, вклучувајќи дипломатски мисии, универзитети, компании, енергетска инфраструктура и други објекти, како и врз ирачките државни институции и цивилната инфраструктура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ