понеделник, 8 декември 2025

Пожар избувна на самитот КОП30, тринаесет лица добија медицинска помош (ВИДЕО)

Тринаесет лица добиле медицинска помош на лице место поради вдишување на чадот од пожар што избувна вчера во просториите каде се одржува самитот на Обединетите нации за борба против климатските промени, КОП30 во Белем, Бразил, соопштија организаторите.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека пожарот избувнал во таканаречената сина зона и дека противпожарната служба и безбедносните службеници на ОН брзо реагирале и дека пожарот бил ставен под контрола за околу шест минути, пренесува Ројтерс.

„Луѓето се безбедно евакуирани“, се вели во соопштението.

Безбедносните служби соопштија дека тревога била вклучена во делот од местото на одржување на КОП30 каде што земјите и организациите ги имаат своите штандови свртени кон јавноста, познати како павилјони.

Очевидци изјавија дека делегати, набљудувачи и новинари ги зеле своите торби и работи и се стрчале кон излезите, по што полицијата се наредила како бариера за да ги спречи луѓето да се приближат кон областа.

Телевизиските снимки покажаа пламен и чад во конференцискиот центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ