недела, 15 март 2026

Повлекувањето на руската армија зависи од повлекувањето на НАТО, вели Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Русија испрати голем број војници во Белорусија, НАТО тврди најмногу по Студената војна, за воените вежби што почнаа на 10 февруари. Тие завршија во неделата, но Минск најави дека силите ќе останат на нејзина територија, наведувајќи ја воената активност во близина на Белорусија и Русија.

Белоруското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека руските сили ќе се вратат во своите постојани бази „дури кога ќе се појави објективна потреба и ќе биде донесена одлука“.

„Голем дел од ова ќе зависи од нашите западни колеги. Силите и оружјето во Источна Европа, вклучително и во близина на Белорусија, се еден од факторите што влијаат на ситуацијата“, рече началникот на белоруската армија Виктор Гулевич. Тој смета дека Минск има право да бара повлекување на американските и НАТО силите од околината на границата со Белорусија.

Белорускиот министер за одбрана во неделата објави дека Минск и Москва не сакаат војна.

„Но тие не нè слушаат или не сакаат да нè слушнат. Затоа е создадена релевантна воена сила што ќе го одбие агресорот доколку е потребно“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ