сабота, 31 јануари 2026

Повеќето Германци веруваат дека Трамп го загрозува НАТО

Огромното мнозинство Германци сметаат дека политиките на американскиот претседател Доналд Трамп ја загрозуваат иднината на НАТО, според новото издание на Политбарометарот на телевизијата ЗДФ.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Имено, 78 проценти од испитаниците се согласиле со проценката дека Трамп ја загрозува алијансата, додека само 18 проценти не се согласиле. Останатите учесници во анкетата не изразиле мислење, пренесува ДПА.

Трамп инсистира дека САД треба да го анектираат Гренланд, автономна територија на Данска, членка на НАТО, и не ја исклучува употребата на воена сила за да ја оствари својата амбиција.

На мислењето во Германија влијаеше и американската воена акција во Венецуела на 3 јануари. Трамп ја оправда операцијата со желбата да обезбеди контрола врз големите нафтени полиња во земјата.

Повеќето Германци веруваат дека Европската Унија треба да се спротивстави на воените интервенции на Трамп во странство за пристап до економски ресурси.

Според анкетата, 69 проценти од граѓаните изјавиле дека ЕУ треба да се спротивстави на таквата агресија, додека 22 проценти сакаат Брисел да остане настрана. Само пет проценти се залагаа за поддршка од ЕУ за Американците во ваквите акции.

Сепак, мислењата се поделени по прашањето за можна американска интервенција во Иран, кој е потресен од демонстрации против авторитарниот режим.

Околу 37 проценти од испитаниците би ја поздравиле воената интервенција на САД, но ист процент се изјасниле против неа. Останатите 13 проценти изјавиле дека немаат мислење за ова прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ