недела, 21 декември 2025

Повеќе од 100.000 хектари се претворени во пепел за 24 часа во Грција

Повеќе од 100.000 хектари земјиште се претворени во пепел во последните 24 часа поради пожарите што избувнаа низ цела Грција, објави Катимерини.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пожари избувнаа на островите Хиос и Закинтос, како и во градовите Превеза, на северозапад од земјата, и Кати Ахаја, на запад од земјата.

Според анализата на сателитските податоци од европскиот механизам Коперникус ЕМС, спроведена од грчкиот Метео, до вчера во 12:40 часот, на Хиос изгореле приближно 42.466 хектари, на Закинтос 22.941 хектари, на Превеза 26.368 хектари и на Долна Ахаја 9.220 хектари.

Грција и другите медитерански земји се меѓу таканаречените „жаришта на шумски пожари“ поради високите температури и сушните летни периоди, предупредуваат научниците.

Грчките пожарникари сè уште се борат со повеќе активни фронтови во регионите Ахаја, на островот Хиос, Превеза, на Закинтос како и Илија.

Властите започнаа истраги поради сомнежи за подметнати пожари, додека во неколку делови од земјата постои многу висок ризик од нови пожари, објавува Катимерини.

На островот Хиос, пожарот што гори веќе три дена е сè уште активен во недостапните области на северозапад и североисток.

Повеќе од 150 електрични столбови се изгорени, оставајќи бројни населби без електрична енергија, вклучувајќи ги Волисос, Потамија, Агиос Гала, Керамос и Камбија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ