понеделник, 30 март 2026

Повеќе од 4.300 приведени на антивоените протести во Русија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Илјадници демонстранти извикувале „Не на војната! и „Срам да ви е!“, според видеата објавени на социјалните мрежи од опозициски активисти и блогери.

Десетици демонстранти во градот Екатеринбург на Урал биле приведени. На видеото објавено од Ројтерс се гледа како еден демонстрант е совладан на земја и тепан од полицајци во опрема за немири. Мурал во градот на кој се гледа претседателот Владимир Путин бил обезличен.

Ројтерс не ја потврдил автентичноста на снимките и фотографиите објавени на социјалните мрежи. Руското Министерство за внатрешни работи претходно соопшти дека полицијата привела околу 3.500 луѓе, од кои 1.700 во Москва, 750 во Санкт Петербург и 1.061 во други градови.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на протестите учествувале 5.200 луѓе. Групата за мониторинг на протестите ОВД-Инфо соопшти дека документирала притворање на најмалку 4.366 лица во 56 различни градови.

„Шрафовите целосно се затегнати – во суштина сведоци сме на воена цензура“, рече Марија Кузњецова, портпаролка на ОВД-Инфо, изјави по телефон од Тбилиси.

Последни руски протести со сличен број апсења се одржани во јануари 2021 година, кога илјадници бараа ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални, откако беше уапсен при враќањето од Германија каде што се опоравуваше од труење со нервен агенс.

Руската новинска агенција РИА соопшти дека плоштадот Манежнаја во Москва, блиску до Кремљ, бил „ослободен“ од полицијата, која уапсила некои учесници на неодобрениот протест против воената операција во Украина.

РИА исто така објави снимка на која се чини дека се гледаат поддржувачите на Кремљ кои возат во Москва веејќи руски знамиња и прикажуваат ознаки „З“ и „В“ што ги користат руските сили на тенковите што оперираат во Украина.

Патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква, рече дека руските вредности се тестирани од Западот, кој нуди само прекумерен консумеризам и илузија на слобода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ