среда, 10 декември 2025

Потврдено: Нема нафта и гас во црногорското море

Објавено на

часот

Сподели

„Производството на јаглеводороди на лежиштето кое го дупчи конзорциумот на компаниите Ени и Новатек во црногорското приморје нема да биде можно, бидејќи бушотината, според информациите на концесионерот, е сува“, кажа Перуновиќ.

Тој кажа и дека концесионерите дошле до крајот на бушотината и дека собраните примероци ги испратиле во Милано, но дека тој извештај сè уште не е готов.

„Официјален извештај од нив не стигна, но имавме презентација на која нивниот менаџмент дефинитивно ни кажа дека основните карактеристики на лежиштето се многу неповолни и дека не се онакви какви што тие, а и ние очекувавме. Тие оваа бушотина ја сметаат за таканаречена сува бушотина“, кажа Перуновиќ.

Конзорциумот на компаниите Ени и Новатек почна во март минатата година прво истражно дупчење за нафта во црногорското приморје.

Владата во декември одобри продолжување на првиот период на истражување и договорот за концесија за производство на јаглеводороди за шест месеци, поради тешкотиите од оперативна и геолошка природа на кои се наишло при дупчењето.

Одобрување за истражување на црногорското море доби и компанијата Енергеан. Перуновиќ кажа дека тие на 15 март треба да известат дали нашле партнер за почнување на истражното дупчење.

„Тие се оптимисти дека во нивниот блок би можело да се најде значително количество гас“, додаде Перуновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ