„Исходот од војната се одредува на терен, а не со твитови. Токму таму каде вие и вашите сили не се осмелувате ниту да се приближите, а за тоа можете само да зборувате во своите твитови“, рече Золфагари. „Подобро би било оваа војна да се нарече „Епски страв“ отколку „Епски бес“, додаде тој.
IRGC Spokesman Ebrahim Zolfaghari mocks Trump in English:
The outcome of war is determined in the field, not by tweets.
The very place where you and your forces do not dare to approach and you can only talk about it in your tweets.
It’s better to name this war as “Epic Fear”… pic.twitter.com/Ox5J5qKydV
— Clash Report (@clashreport) March 17, 2026
Иранската револуционерна гарда е елитна гранка на иранските вооружени сили, основана по Исламската револуција во 1979 година како паралелна безбедносна структура покрај редовната армија.
Нејзината првична мисија била да ја заштити револуционерната власт и политичкото раководство, но со текот на времето прерасна во организација што многу аналитичари ја опишуваат како еден вид „длабока држава“. Покрај силното влијание во безбедносниот апарат, таа изгради и голема бизнис империја.
Командантот на Револуционерната гарда директно му одговара на врховниот лидер на Иран. ИРГК има длабоко влијание врз домашната политика и економијата, со интереси што се протегаат до градежниот сектор, телекомуникациите, автомобилската индустрија и енергетиката.
Една од нејзините под-единици, Басиџ, учествуваше во задушувањето на антивладините протести во 2009 година и помогна во консолидирањето на моќта на тогашниот тврдокорен претседател Махмуд Ахмадинеџад.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во 2019 година официјално ја прогласи ИРГК за терористичка организација.
Врховниот совет за национална безбедност на Иран потоа ги прогласи САД за „држава спонзор на тероризмот“ и ги означи американските сили во регионот како терористички групи, објави во тоа време иранската државна новинска агенција ИРНА.
Сојузниците на Америка на Блискиот Исток, исто така, ја сметаат Револуционерната гарда за сериозна закана по безбедноста. Бахреин и Саудиска Арабија ја наведоа ИРГК како терористичка организација во 2018 година, додека Европската Унија го стори тоа оваа година по насилното задушување на антивладините протести во Иран.






