петок, 2 јануари 2026

Пораз на Јанез Јанша на парламентарните избори во Словенија

Објавено на

часот

Сподели

Партијата на Јанша, СДС (Словенечката демократска партија)  освои 23,6 отсто од гласовите и во парламентот ќе има 27 пратенички места.

Победата на новата зелено-левичарска партија на Голоб е поголема од кога било претходно во историјата на словенечките парламентарни избори, исто како и високата излезност на гласачите – 68 отсто од избирачите запишани во избирачкиот список.

Во словенечкиот парламент влегоа и конзервативната партија Нова Словенија со 7 отсто (8 места), Социјалдемократите со 7 отсто (7 места) и Левица со 4 отсто од гласовите (5 места). По едно место во парламентот добија и претставниците на унгарското и италијанското малцинство во парламентот. Покрај претставниците на малцинството, за да формира влада Голоб во претстојниот период е извесно дека ќе има разговори со Социјалдемократите и Левицата.

Политичкиот аналитичар Миха Ковач за Гардијан вели дека на изборите биле мобилизирани да излезат помладите гласачи и граѓанското општество.

„Гласањето беше глас против Јанша. Против Словенија да го фати патот на Унгарија, против преземањето на јавниот сервис од владата, против контрола на судството“, изјави Ковач.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ