„НАСА смета дека ваквиот однос треба да продолжи“, додаде Грин.
Директорот на руската вселенска агенција Роскосмос Дмитриј Рогозин кажа дека е невозможно продолжување на нормалните односи со НАСА сè додека не се укинат санкциите против Русија воведени поради инвазијата на Украина.
„Сега можеме само да управуваме со Меѓународната вселенска станица. Не зависиме од Русија како претходно. Но, астронаутите функционираат како тим, меѓународен тим. Потребно ни е место каде што можеме да соработуваме во мир. Сега на ИСС имаме двајца Руси“, кажа Грин.
„НАСА смета дека ваквиот однос треба да се продолжи бидејќи станува збор за членови на екипажот кои на вселенската станица вршат важни задачи. Тие зависат од астронаутите на ЕСА и НАСА, како што ние зависиме од космонаутите од Русија. Станува збор за тим“, додаде тој.
Грин потврди дека ја поддржал НАСА кога на астронаутот Скот Кели му порача да го намали критикувањето на Русија на социјалните мрежи.
„Да, го поддржав тој потег на НАСА. НАСА мора обединето да излегува во јавност, како една организација“, кажа тој.






