Во интервју за Еј-би-си, Јангер кажа дека не гледа сценарио во кое Путин се повлекува, во ситуација кога се сè поголеми стравовите од руска инвазија во Украина.
„Не гледам како би се повлекол, а истовремено да ги задоволи очекувањата кои самиот ги постави“.
Тој оцени и дека Путин повеќе „игра покер отколку шах“, кога размислува за различните опции.
Британските власти претходно оценија дека во Украина веќе има соработници на руската војска кои учествуваат во тековните акции во земјата.
Украинската безбедносна служба исто така соопшти дека во земјата има група саботери кои планираат напади во пограничните области, а со кои управуваат руските специјални сили.
Пентагон претходно ја обвини Русија дека планира да исценира напад врз жителите на Украина кои зборуваат руски и тоа потоа да го искористи како изговор за упад во Украина.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на сето ова одговори дека Западот прави „хистерија“ и дека нема план да се нападне Украина.
Сепак, бидејќи тензиите на истокот на Европа растат, западните аналитичари и дипломати се плашат дека геополитичкиот судир ќе дојде до таму што ќе биде невозможно да се избегне конфликт на терен, а Путин самиот себе се довел во позиција од која нема назад.






