Тој истакна дека Русија „не ги сфаќа сериозно“ заканите од други земји за намалување на употребата на руските енергенси.
„Се обложувам дека за месец или два руската воена операција во Украина веројатно би била сопрена. Тоа е еден од најефикасните инструменти со кој располагаат западните земји“, кажа тој.
И покрај обидите на Европа да ја намали својата зависност од руските енергенси, и понатаму купува нафта и гас од Русија, пренесува Би-би-си.
Според податоците од минатата година, нафтата и гасот сочинувале 36 отсто од приходите на руската влада, а голем дел сочинува Европската Унија која 40 отсто од своите потреби за гас и 27 отсто од нафтата ги увезува од Русија.






